Сопственици на парцели бараат да се изгради улица во Влае предвидена 40 години
Десетици луѓе вклучени во инцијатива нарачена „Борба за Влае“ на плоштадот Делфина, во скопско Влае потпишуваа петиција за да не се изгради улица предвидена речиси 40 години..
Тврдат дека ќе била загрозена безбедноста на учениците од основното училиште Димо Хаџи Димов и жителите на Влае. Бараат сегашната улица Есперанто да остане како што е сега.. Но, на нивната инцијатива се спротиставија други лица, некои од нив сопственици на парцели близу училиштето, тие пак тврдат дека доколку не се изгради оваа улица тие нема да имаат пристап до своите парцели, како што е сега и затоа бараат да се изгради улицата. Ако нема улица, пристапниот пат до секој дел од парцелата ќе треба да се гради врз нивното приватно земјиште.
„Нас не интересира да имаме пристап да можеме да владееме со нашето земјиште. Ништо повеќе.“
„Да седнеме, да си размениме тоа што вас ве интересира и тоа што нас не интересира и да најдеме заедничко решение, бидејќи секогаш постои решение. Можеби некој од општинската власт ви продава прикаска која е во нивни интерес.“
„Од тие причини не го затвораме приодот до училиштето. Ние сме луѓе, ние имаме деца. Децата поминуваат преку нашиот плац за да одат на училиште и ние никогаш тоа не го затворивме. Ако ние тоа го направиме, децата ќе вртат.“
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски пак, за ТВ 24 вели дека единствениот човек кому му смета улицата е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Улицата, вели тој, не е негова желба, туку е обврска преземена со сите планови низ годините. Улицата, според Јакимовски, ќе поминува на најмалку 30 метри од училишната ограда.
„Жал ми е што оваа работа се политизира, а ја политизира кој што живее на 50тина метри од таа улица, тоа е господинот Христијан Мицкоски, кому таму му сметаше да има ресторан, му сметаше да има маркет, му смета да има и зграда, му смета да има и улица и црква, му смета да има и црква, а во исто време, за тој да стигне до неговата куќа, земено е 5 метри од училиштниот двор. Таа работа е чиста измислица на господинот Мицкоски и оние кои што ги злоупотребува како наводна „борба за Влае“. Јас одоговрно тврдам дека таква опасност не постои, затоа што сите училишта во Влае се минимум на две, а некои и на четири улици.“ - вели Јакомовски.
Активистите од „Броба за Влае“ велат дека училиштето ќе го бранат со жив штит, како последна опција доколку не им се исполнат барањата.
„План Б ни е да разговараме со советот на училиштето Димо Хаџи Димов и со директорката на училиштето, бидејќи таа има одговорност за безбедноста на учениците и евентуално, на крај, зборувам во екстремни случаи, ќе ги штитиме децата ако треба и со жив ѕид.“ - вели Јована Стефановска - Борба за Влае.
Од друга страна, сопствениците на парцелите близу училиштето најавуваат оградување на нивното земјиште, низ кое сега поминуваат граѓаните за да го скратат патот од едната, до другата улица.
Заедничка опција и за едните и за другите е слепа уличка, која со затворањето на сегашната улица Есперанто, би значело блокирање на многу споредни населени улици кои ги има во овој дел од Влае. Инаку, ДУП-от за овој дел од Влае, досега претпре неколку измени.