Сопружници осомничени за бруталното убиството на Ацо Трповски во скопска Автокоманда

Брачен пар ладнокрвно и со умисла го убиле лекарот Ацо Трповски на паркинг просторот во Автокоманда.

По повеќе од 2 години од настанот кој ја потресе јавноста - обвинителството обезбеди докази кои говорат дека сопружници го организирале и извршиле убиството. Жртвата била прободена со нож девет пати од 65 годишен жител на Скопје, а неговата 6 години помлада сопруга ги прикрила трагите.

Обвинителството со детали и реконструкција од грозоморното убиство.

ОЈО Скопје

- Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат.Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале.

Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Мотивите за убиството се уште се истражувааат.  

67 годишниот доктор Трповски беше матичен лекар во поликлиниката Железара.Според пријавеното, убиениот бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат – откако подолго време не се вратил од работа.