Сопругот на починатата Сава Таневска на средба со министерот Филипче

Вистината за смртта на својата 63годишна сопруга,Никола Таневски продолжи да ја бара пред Министерсвото за здравство. Тој бара да се формира комисија и да се утврди дали имало лекарска грешка при смртта на неговата сопруга, а денеска беше примен и од страна на министерот Венко Филипче.

По еден ден  чекање Таневски  по средбата со министерот Филипче добил уверување дека конечно ќе се формира комисија за стручен надзор, која ќе треба да уврди   дали има лекарска грешка во лекувањето на неговата сопруга. Очекува да биде повикан од страна на комисијата која ќе го врши надзорот. 

Од министерството за здравство нема детали за средбата но најуваат дека ќе се формира комисија за стручен надзор. 

- Во министерството за здравство е остварена средба со сопругот на починатата пациентка и лекарска комора ќе изврши стручен надзор за овој случај.

Од Лекарската комора денеска не коментираат за случајот ниту кога ќе биде формирана комисијата. 63-годишната Сава Таневска по преглед од двајца доктори за само четири часа починала. сопругот Никола Таневски поднесе и кривична пријава против доктор Јусуф Јакупи од интерното одделение во Гостивар за лекарска грешка, обвинувајќи дека наместо пропишаната дијагноза - ангина пекторис, тој ја третирал неговата сопруга од промаја. Комисијата која допрва ќе треба да се формира ќе треба да даде одговори дали постои лекарска грешка во лекувањето.