СОПРУГОТ НА ЈАНКУЛОСКА БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАЦАРСКА ПОРАДИ ПРИСТРАСНОСТ ВО „ТЕНК“

Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на поранешната мнистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска осудена за случајот „Тенк“, денеска на седница од Судскиот совет побара разрешување на судијката Добрила Кацарска поради пристрасност во водењето на постапката. Илиевски рече дека за време на рочиштата за „Тенк“ немало соодветни услови во судницата која била неклиматизирана, пребрзо биле закажувани рочиштата, а со тоа на Јанкулоска и било прекршенно правото на мајчинство и на породилно отсуство. Илевски тврдеше дека биле изнесени и наводи во јавноста за здравствената состојба на Јанкуловска и дека се проблемтизирала медицинската документација. Од судскиот Совет посочиле дека дел од кажаното не било наведено во преставката. Илиевски најави дека судот за човекови права во Стразбур има методологија за да утврди пристрасност во водењето на постапката.