Сопругата на Претседателот на Уставен суд Костадиновски унапредена во Апелација, избрана и сопругата на советник на премиерот

Сопругот претседател на Уставен суд, сопругата од денеска судијка во скопска Апелација. Сопругата на Дарко Костадиновски, претседателот на Уставен суд, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, од граѓанскиот суд Скопје, денеска беше избрана за апелациски судија. Според мнозинството судии кои гласаа едногласни. Аргуемнтите беа дека с еработи за долгодишен судија, доктор на науки , со неколку напишани трудови .

Костадиновски за ТВ 24 вели дека вопшто не влијаел на изборот, а неговата сопруга 25 години е судија во граѓанскиот суд и за изборот е заслужна исклучиво како што вели нејзината професионалност,  стручност и интегритет 

„ Јас немам никаква улога. спротивно на моите принципи е влијание брз било кого, напротив кас сум голем гласноговорник против било какви влијанија врз било кого. Мојата сопруга во Основниот граѓански суд работи 25 години од кои 8 години како стручен соработник а 17 години како судија. Таа е доктор на правни науки од областа на граѓанското право и автор на бројни научни трудови вклучително и на коментарот на законот за семејстбото. За нејзината стручност, квалификации и интегритет јас нема да коментирам, неблагодарно е, но за нив доволно говорат угледот, поччитта и интегритетот кој го ужива помеѓу колегите во Основниот суд, како и рангирањето по конкурсот. Мојата сопруга е со сопствен личен интегритет и апсолутно сметам дека нема никаква не етичност во нејзимиот избор кој се темели на непобитни факти. Секој има право да напредува во кариерата се додека тоа се темели на мерит и заслуги, вели Костадиновски за ТВ 24 

Освен сопругата на Костадиновски денеска унапредување истотака за Апелација но во кривичниот оддел доби и Марија Клетничка Марковска, сопруга на советникот на премиерот Христијан Мицкоски,  Сашо Марковски за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија.

ТВ 24 побара став и од Владата за унапредувањето на сопругата на советникот на  премиеро,  Марковска но засега  оттаму нема став . 

Аргументите и на судкисот совет  за нејзиниот избор беа дека е прва на ранг листат и дека се работи за квалитетен судија . 

Членовите на судскиот совет за секој избор се првадаа со ранг листата