Сопруг на исчезната жена штрајкува со глад

Штрајк со глад. „Каде е мојата сопруга?“ – со солзи во очите очајнички прашува Дејан Јанков, сопруг на исчезнатата Злата Јанкова од Свети Николе. 

“45 годишната Злата Јанкова последен пат е видена на 16.06.2024тата година нешто околу 15 часот во светиниколското село Орел. Од тогаш и се губи секаков траг. Од вчера нејзиниот сопруг започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе.“ 

Дејан вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга. Тој пред нашата камера раскажа дека се одлучил за ваков потег бидејќи и по речиси две години од нејзиното исчезнување сè уште нема ниту одговори ниту пак информации за неговата сопруга, со која биле во брак 33 години и имаат две деца.  

Сопругот, кој веќе 21 месец преживува голгота пред камерата на 24 се наврати на последните денови пред исчезнувањето и тврди дека не забележал ништо поинаку од вообичаено. 

Дејан тврди дека Злата имала мобилен телефон со неа, кој бил достапен и 20 часа по нејзиното исчезнување, но истиот се уште не е лоциран. Братот на Дејан, кој исто така чека одговори, вели дека единствено овој чекор преостанал за да допрат до институциите. 

24 побара одговори и од МВР. Од таму велат дека МВР има распишано меѓународна објава и дека Министерството презема низа оперативни мерки за нејзино пронаоѓање.

МВР

- Со поддршка на специјални полициски единици, вршен е преглед на терен, водно и воздушно пребарување и набљудување, како и прибирање на оперативни информации, повикување на лица на службен разговор, а ставени се и лица на полиграфски испитувања. Од страна на единици, ловни друштва и локалното население подолг период пребаруван е теренот во поблиско и подалечно опкружување, но до овој момент не е дојдено до информација или траги во врска со лицето.

Од МВР исто така додаваат дека потрагата по лицето продолжува во континуитет сè до нејзино пронаоѓање.