Сообраќајна незгода во скопски Аеродром - учесниците со Итна помош пренесени во болница

Вечерва околу 20.40 часот пријавено е дека се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила „мерцедес“ и „форд фокус“ на крстосницата од улиците „Васко Карангелески“ и бул. „Јане Сандански, пред Мајчин дом.

Увидна екипа на МВР е на терен.

Возачите учесници во сообраќајната незгода со возило на Итна помош се пренесени во болница, но за карактерот на повредите се уште нема официјални информации.