Сообраќајна несреќа кај клучката Маврово, повредени пет лица 

Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај клучката Маврово кон Гостивар, во која учествувале  осум возила – четири мотоцикли и четири патнички автомобили. 

Според првичните информации од полицијата, најмалку пет лица се повредени. Несреќата била пријавена нешто пред 16 часот во ОВР Гостивар, на терен интервенирале екипи на итната помош и пожарната. До сега се пријавени пет повредени лица. 

Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта – се наведува во соопштението на МВР. На магистралниот пат во текот на денот беше регистран засилен сообраќај поради празничниот ден.