СОНК контра министерката за образование Јаневска

Колективните договори за основно и средно да бидат потпишани до декември месец, реагираат од Синдикатот за образование и наука откако министерката за образование и наука, Весна Јаневска рече дека ќе бидат потпишани кога ќе се создадат услови за тоа. 

Не е во ред една влада да потпишува колективни договори за кои не обезбедила средства за до крај на годината, колективните договори ќе бидат потпишани во оној момент кога ќе бидат создадени услови за тоа вели министерката з аобразование и наука, весна Јаневска.    

Министерката Јаневска претходно појасни дека  МОН е во минус 5 милијарди денари, но и дека  не треба да има грижи, бидејќи и со таков буџет, ќе се обезбедат плати за вработените во образованието, да се исплаќа финансиската поддршка за учениците и да расте студентскиот стандард.