Сончево време со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност, и со слаб доумерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 3 степени, а дневната од 9 до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје сончево со мала доумерена облачност и со слаб доумерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 13 степени Целзиусови.
До вторник ќе се задржи стабилно време со релативно високи температури за овој период од годината. Поголема промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата.
Во текот на ноќта кон среда и во среда, на пониските места се очекуваат врнежи од дожд и снег.

