Сончево со засилен ветер, од утре пад на температурата за 5 степени
Foto

Сончево со засилен ветер, од утре пад на температурата за 5 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а попладне претежно во планинските предели на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку ден ќе биде најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а максималната од 27 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината слично време со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната 30 степени.

Периодот на стабилно време продолжува и утре по што ќе следува пад на температурата за околу 5 степени.

0 Коментари

Остави коментари