Сончево со ветер од променлив правец, температура до 19 степени
Времето денеска ќе биде сончево со ветер од променлив правец. Температурата во текот на денот ќе биде во пораст и ќе достигне 19 степени на југозападот од земјата. Утринските температури ќе се спуштат под нулата во повеќе места.
Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира утрото во поголемиот дел од земјата да биде студено, на места со температура до - 4 и до -5 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со слаб ветер од променлив правец. Максималните температури ќе се движат од 10 степени на повисоките места, 18 степени во Скопје, до 19 степени на југозападот од земјата, во Дојран и Гевгелија.