Сончево со студено утро, со умерена облачност
Foto

Сончево со студено утро, со умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до минус осум степени, а дневната температура од три до 10 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до шест степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој во четврток ќе се засилува. Од петок ќе започне да дува јужен ветер, облачноста ќе се зголемува и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи претежно од дожд.

0 Коментари

Остави коментари