Сончево со мала до умерена облачност, температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

 

Во наредните денови, како што велат од УХМР, ќе следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.