Сончево со мала до умерена облачност
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од шест до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 11 степени. Потоа следува период на стабилно и потопло време.

