Сончево со мала до умерена локална облачност
Foto

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и студено.

Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 10, а дневната температура од еден до девет степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и студено. Утринската температура ќе се сушти до минус седум степени, а дневната температура ќе достигне до пет степени.

Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи претежно од снег и на места ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

0 Коментари

Остави коментари