Сончево и ветровито, попладне услови за краткотраен пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Попладне и вечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.