Сончево и потопло со мала до умерена облачност
Foto

Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Попладне во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 28 степени. УВ=8

Во Скопје, претпладне сончево, во попладневните часови со зголемена облачност и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Следува период на потопло време. Претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на влажен бран повеќе врнежи се очекуваат помеѓу петок и сабота.

0 Коментари

Остави коментари