Сонатна вечер со рускиот пијанист Евгениј Корољов
Foto

Сонатна вечер со рускиот пијанист Евгениј Корољов

Рецитал на рускиот пијанист Евгениј Корољов ќе биде одржан вечер во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се пет антологиски дела за пијано од големиот германски композитор Лудвиг ван Бетовен чие творештво годинава се чествува низ целиот свет по повод 250 годишнината од неговото раѓање. Публиката ќе има можност да ги чуе безвременските ремек дела: Соната бр.8 во c-moll, оп.13- „Патетична“, Соната бр.13 во Es-dur оп.27, бр.1- „Квази уна Фантазија“, Соната бр. 14 во cis-moll, оп.27, бр.2: „Месечева соната“, Соната бр. 27 во e-moll, оп.90 и Соната бр. 23 во f-moll, оп.57- „Апасионата“.

Евгениј Корољов (1949) е роден во Москва каде што и студирал на Московскиот конзерваториум, живее и работи во Хамбург, а од 1978 година е професор на тамошниот Колеџ за музика. Заедно со својата сопруга, македонската пијанистка Љупка Хаџигеоргиева, го формира дуото „Корољов“, со кое настапува ширум светот и од своето постоење (1976) се здобива со значајни награди, меѓу кои и наградата „Choc“ на фестивалот „Le monde de la musique“ за аудиозаписот на Шубертовата музика. Во 2011 година, дуото сними цеде со дела од Бах.

0 Коментари

Остави коментари