Сомнеж за злоупотреба на речиси 2 милиони евра во Државна лотарија, утврди Заводот за ревизија
Државниот завод за ревизија преку ревизијата која што ја спроведе констатирал дека во АД Државна лотарија за 2024 година постоеле сериозни неправилности, сомнителни исплати на добивки и злоупотреба на парични средства во износ од скоро 2 милиони евра.
Постои сомнеж за злоупотреба на парични средства, како и незаконско работење со благајната и платежните сметки“ појаснуваат ревизорите по најновата ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, за 2024 година.
Според извештајот на ревизорите вршеле и исплати на мали добивки во износ од над 13 милиони денари а за најголем дел од исплатите недостасувало валидна документација.
Со извршената ревизија е утврдено дека во 2024 година, вкупно остварениот дневен пазар, по основ на продажба на лотариски и електронски игри на среќа кај 10 сопствени продажни места на друштвото изнесува 746.970 евра, но дека дневниот пазар не бил редовно уплатуван на платежни сметки во деловните банки на друштвото.
За утврдените неправилности и сомнежи за незаконско работење, ревизорите ги известиле надлежните органи за понатамошно постапување.

