„Солун во молк за Кочани“ - точно напладне собир на солунскиот плоштад Аристотел во спомен на загинатите

Македонците кои живеат и студираат во Солун, точно напладне организираат собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Според организаторите, планиран е 60-минутен молк, по една минута за сите 59 жртви кои трагично загинаа во дискотеката „Пулс“, но и една минута молк за возачот на брзата помош, кој почина откако превезе голем број повредни лица.

„Соберете се со нас во момент на молк за да оддадеме почит на нивниот спомен и да покажеме поддршка.“, пишува во повикот за собирот.