„Солуција“: Професионално наместо партизирано здавство

Над 40 земји во светот бенефицирале од македонскиот егзодус на најдобри лекари - ги избрка партизацијата на здравството која на државна работа ги прима тие кандидати кои претходно ги добиле прашањата од испитот или пак директорот во четири очи ги одбрал иако биле на дното на листата со резултати, вели д-р Нико Беќаровски.

Од неговата невладина „Замисли„ предложија законски измени со кои партиска книшка на доктори не би го заменила индексот или испитот на лекарите. 

Медицинските сестри не се третираат достоинствено и немаат авторитет на работното место, низ државата останаа едвај 9 200 медицински сестри, додека во Словенија има 17 000,  вели претседателката на Здружението на медицински сестри, Гордана Бешлиовска, од каде велат дека е нужно да се воведе лиценцирање на медицински сестри.  

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ги поддржа овие законски измени но до крајот на годината кога и треба да бидат готови, потребно е да знаеме дека тој и тогаш ќе стои на зборот, велат од невладините „Замисли„ и „Солуција„.  До објавувањето на овој прилог, ТВ24 не доби одговор од Министерството дали тие сеуште ги поддржуваат овие измени за департизација на здравството