Солскјер за поразот од Шефилд: Треба да бидеме критикувани!
Foto

Солскјер за поразот од Шефилд: Треба да бидеме критикувани!

Тренерот на Манчестер јунајтед Оле-Гунар Солскјер проговори за поразот од Шефилд Јунајтед (1:2) во мечот од 20. коло во Премиер лигата.

– Мислам дека сите ќе добиеме критика по овој натпревар – и тимот и јас. Треба да бидеме критикувани, бидејќи во овој меч не постигнавме успех. Направивме додавања кои не беа квалитетни, ни недостасуваше ритамот, темпото и протокот на топка. Особено во првото полувреме. Сепак, д ане заборавиме. Момците се одлични веќе неколку месеци и играа постојано на многу високо ниво. Не можевме да го достигнеме таквото ниво на оваа средба. Кога ова ќе се случи на натпреварите од Премиер лигата, резултатите се вакви , рече Солскјаер.

Манчестер јунајтед е втор на табелата во Премиер лигата со 40 бода, еден помалку од лидерот Манчестер сити.

0 Коментари

Остави коментари