Сојузот на средношколци избра нов претседател и извршен одбор

Средношколски сојуз избра нов претседател. Со 54% од гласовите Берин Мухамед кој е втора година во СУГС „Зев Љуш  Марку“ беше избран да го води сојузот во наредните две години.. Против кандидатката Ива Трпески од средното училиште „Мирко Милески“ од Кичево, ќе  биде потпретседател на сојузот.. 

Во наредните две години, колку што трае нивниот мандат ќе се фокусираат на проблемите со кои се соочуваат средношколците. Ќе почнат со расчистување на проблемот со учебниците.

 

Во однос на полагањето на државната матура, откако вчера се дозна за вибер-групата која броела околу 7 000 членови/матуранти, која служела за заедничко одговарање на прашањата-поранешниот претседател на Средношколскиот сојуз матурантот Лука Павиќевиќ, ги обвини и некоректните ученици како и системот.

 

Од Државниот испитен центар вчера се огласија дека ќе постапат согласно Законот, доколку се нарушени правилата за реализација на испитите, а министерството за образование и наука дека утре ќе излезе со став.