Сојузот на синдикати на генерален штрајк пред владата

Со 21 столче пред Влада,наменети за владините министри ССМ го продолжи и денес штрајкот. Ги повикаа министрите да седнат на столчињата и да го исполнат ветеното а не да манипулираат и да лажат велат синдикалците.

Бараат линеарнои покачување на платите во јавниот сектор од 2 806 денари веднаш оти сметаат дека двоцуфрената инфлаација и високите цени како на горивото така и на прехранбените производи не можат да ги издржат.

На вториот ден од штрајкот, пред влада се приклучија и пратениците од Алијанса за Албанците кои беа децидни дека не се дојдени за популизам туку да дадат поддршка за барањата на синдикалците.

Се штрајкува во цела Македонија, вицепремиерот Битиќи рече дека потребно е нова методологија.

Вчера пред законодавниот дом поддршка на синдикалците дадоа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ исто како и при гласањето на амандманот во Собрание кој не се изгласа бидејќи за него не гласале пратениците од ДУИ и СДСМ, поддршка претходно дадоа и од Левица. Штрајкот продолжува, утре пред министерство за финансии, синдикалците велат ќе штрајкуваат додека не го добијат ветеното.