Сојуз на Стопански комори: Итно да се исплати поддршката за туристичко-угостителскиот секор
Foto

Сојуз на Стопански комори: Итно да се исплати поддршката за туристичко-угостителскиот секор

Владата не планира брзи мерки за граѓаните кои два месеци останаа без плата поради заглавената државна помош во Собранието.

Од декември нема никаква помош, а веќе сме април-остро реагираат од секторите туризам и угостителството. Бараат спас за бизнисот, посебно што по воведувањето на новиот полициски час и затворањето на кафеаните до сега немаше најава за дополнителна поддршка.

„Рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните се пред се, но сметаме дека паралелно со нивното носење треба да се креира и додели соодветна помош за претпријатијата. Вака се добива впечаток дека свесно се дозволува затворање на претпријатијата со што се загрозуваат огромен број работни места.“ - изјави Ана Марија Алексова, Туристичко-угостителска комора.

И опозицијата притиска врз одлуките што се носат на Илинденска број 2. Граѓаните се разочарани, вели Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, зашто власта задоцни со економските и здравствените мерки поради тоа што насила го туркаше попис. 

Двете плати да се дадат одеднаш. За февруари и за март фирмите ќе аплицираат со една пријава откако деновиве Министерството за финансии ќе интевренира со амандман во Собранието. Власта тврди и дека ќе има помош и за затворените угостителки објекти. 

„Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет.“ - изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Според податоците на УЈП, дури 17 илјади работници од приватниот сектор не земале плата за февраури. Нивните работодавачи поднеле пресметки до Управата, но ја чекаат државната помош. Фирмите веќе добиле и опомени од даночниците.

0 Коментари

Остави коментари