Социјалните медиуми се сериозна опасност за за малолетниците - ЕУ планира да ги забрани

Европската Унија планира да ги забрани социјалните медиуми за малолетници...Во изминативе месеци ЕУ се наоѓа под се поголем притисок да воведе мерки со кои треба да се заштитат малолетнтниците од опасностите кои ги има на интернет..Од Европската Комисија велат дека врз основа на законот за дигитални услуги, земјите-членки можат самостојно да воведат национални забрани за социјалните медиуми ...Дел од државите, со месеци апелираат на ограничувања на социјалните медиуми, додека пак други ја критикуваат унијата дека не дејствува доволно брзо... 

Франција и Холандија поддржаа целосна забрана за социјалните медиуми за лица под 15 години...Од Грчката влада сметаат дека социјалниоте мрежи треба да се бараат согласност од родителите за деца под одредена возраст...Данска, која во моментов го предводи Советот на ЕУ, се залага за посилна акција на ниво на ЕУ...

Керолин Олсен – министерка за дигитализација на Данска: „Тешко е да се замисли свет каде што децата можат да влезат во продавница и да купат алкохол, да одат во ноќен клуб едноставно со тоа што ќе наведат дека се доволно возрасни, без проверка на лична карта, едноставно да кажат: Да, имам над 18 години. Вакво нешто се случува на интернет веќе со години. 

Според Законот за дигитални услуги , новите упатства на Комисијата за заштита на малолетниците преку интернет имаат за цел да обезбедат платформите да се соочат со сличен сет правила низ цела Европа ...Комисијата, исто така, објави детални спецификации кои мора да ги содржат апликација за проверка на возраста ... Откако апликацијата ќе биде достапна, корисниците ќе можат да ја преземат од онлајн продавница, а потоа да ја користат за да потврдат дека се над минималната возраст за пристап до веб-страница или платформа...Апликацијата ќе биде тестирана во Франција, Грција, Шпанија, Италија и Данска