Социјални протести 2023, покрај работниците протестираа и пензионерите за повисоки пензии
Година на подеми и падови, протести, маршеви, бојкоти и штрајкови. Според рејтингот на плати функционерите најуспешни со дури 78 посто повисоки плати, за работниците наместо повисоки плати им остана да излегуваат на улиците. За функционерите бифтек, за работниците остана кебап кој за прв пат беше поделен пред Владата.
Протестите речиси се одвиваа секоја недела на различни локации, први мај ги обедини сите. Последниот говор на првиот синдикалец Дарко Димовски беше токму пред Влада. Дарко Димовски остави силен печат во синдикализмот демонстрирајќи храброст, решителност и одлучност, застанувајќи рамо до рамо со работникот и нивната борба за достоинствен живот.
На местото од Димовски седна Слободан Трендафилов кој ја продолжи мисијата за подобри работнички права. Кофендерацијата на слободни синдикати и ССМ со идентични пораки во борбата з аповисоки плати.
Улиците ги запоседнаа вработените од судската администрација на кои подоцна им се приклучија и јавнообвинителската служба.
Геврекот кој поскапе остана за работниците за функционерите само бифтек, Фатмир Битиќи, го прашаа дали е сериозен дека ќе ја залажува јавноста со закани дека ќе им се зема од залакот на студентите и пензионерите, потсетувајќи го дека следат избори.
На протест беа и здравствените синдикати.
Протестираа и вработените во УЈП и Царинска управа, а повисоки плати побараа и вработените во Македонската информативна агенција
Најголемото гласачко тело, пензионерите, беа принудено да протестира и да бара доствоинствени пензии за достоинствен живот.
На протест излегоа и вработените од Министерство за финансии, Управата за заштита на културно наследство, Агенција за филм, транспорт и врски, земојоделство, животна средина и просторно планирање и работници од други министерства. На премиерот му посочија дека додека другите пловат ние тонеме. Го прашаа за каква Европска унија зборуваат кога функционерите сопствениот капитал си го дуплираа осиромашувајќи го сопствениот народ.