Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи две седници

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи две седници.

На дневен ред на 16-та седница на Комисијата е Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи во прво читање, а во рамки на 10-тата седница ќе биде разгледан Годишниот извештај за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2023 година.