Собраниска „виза“ за годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година
Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади без забелешки го усвои годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година.
Пред членовите на Комисијата, Пранвера Сума, членка на Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и истакна дека Агенцијата како независно регулаторно тело, во минатата година обезбеди стабилен, сигурен и транспарентен систем на капиталното финансирано пензиско осигурување преку континуирана супервизија на пензиските друштва и пензиските фондови, заштита на интересите на членовите и пензиските друштва, како и создавање на услови за понатамошен развој на вториот и третиот столб.

