Собраниска расправа за предлог - буџетот за 2021
Во Собранието почна амандманската расправа за предлог-буџетот за 2021 година.
На предлог - текстот се поднесени вкупно 528 амандмани, најголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ - 390 и останатите од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Според власта за капитални инвестиции и проекти следната година се предвидени во буџетот 373,7 милиони евра или за 20 отсто повисоки во однос на она што е проектирано последно за годинава.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека ќе инсистираат на итни и интервентни политики насочени кон намалување на загадувањето и справувањето со сите негативни појави во областа на животната средина.

