Собраниска комисија за избори и именувања, кој ќе го добие столчето во ДИК?

Негодувања и жестока расправа на комисијатта за избори и именувања околу изборот за именување на член  на ДИК откако од 5 те предлози претседателката на комисијата Марија Ѓеоргиевска посочи дека двајца кандидати меѓи кои и оној на Беса не ги исполнувваат условите бидејќи Абдуш Демири во сивито навел дека е генерален секретар на партијата а кандидатите не смеат да бидат членови на партиските органи . Ова предизвика револт кај пратеничката група на албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени кои пак приложија и нотарски документ во кој е наведено дека Демири не ја извршува веќе извесен период оваа партиска фдункција а претседателката на комисијата ја обвинија дека селективно пристапува .

Седницата на комисијата беше прекината по барање на ВМРО ДПМНЕ за да може уште еднаш Беса да погледне што се е доставено и да се провери дали нотарскиот документ кој го презентиртаа и на пресконференција е доставен до собраниските служби . 

Не се исклучува можноста престојните избори ДИК да ги спроведе и без целосен состав . За избор на член на ДИК потребно е двотретинско мнозинство, кое според распоредот на силите во Собранието засега најверојатно го нема  ниту еден од тројцата кандидати кои ги исполнуваат условите за член на ДИК.