Собранието по скратена постапка усвои Закон за дивоградби
Foto

Собранието по скратена постапка усвои Закон за дивоградби

Македонското Собрание на денешната седница по скратена постапка го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Законот кој беше поддржан и од власта, но и од опозицијата беше изгласан со 72 гласа ЗА и 5 гласа ПРОТИВ. Петмина пратеници беа воздржани.

Овој Закон предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“. Тој ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно законот.

Од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство.

Законот вклучува гаражи, остави и базени, изградени без дозвола за градба. Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство.

0 Коментари

Остави коментари