Собранието ќе ја одржи 59-тата седница
Foto

Собранието ќе ја одржи 59-тата седница

Собранието денеска ќе ја одржи 59-тата седница на чиј дневен ред, меѓу останатите, е и Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, во второ читање.

Во рамките на седницата ќе бидат разгледаат и предлог законите за изменување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, поднесен од претениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта Билали-Зендели и Илија Николовски, и за изменување на Законот за Собранието, по скратена постапка, поднесен од претениците Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Горан Мисовски, Никола Мицевски и Панчо Минов.

Пратениците ќе разгледаат и три барања за автентично толкување и тоа на членот 34 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со член 46, став 1, алинеја 6, поднесено од градоначалникот на Општина Карпош, на членот 11-б, став 12 од Законот за пожарникарство, поднесен од пратеникот Антонијо Милошоски и на член 53 став 2 од Законот за денационализација, поднесен од пратеникот Исмаил Јахоски.

0 Коментари

Остави коментари