Собранието ќе ја одржи 30. седница
Собранието денеска ќе ја одржи 30-та седница. На дневен ред се вкупно 26 точки меѓу кои и Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра и Предлог-измените на Законот за јавните набавки.
Пратениците ќе дискутираат и по Предлог одлуката за објавување јавен оглас за член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, како и Предлог одлуката за избор на заменик - директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.