Собранието ја заврши расправата за измени и дополнувања на неколку закони, за гласање немаше кворум
Foto

Собранието ја заврши расправата за измени и дополнувања на неколку закони, за гласање немаше кворум

Собранието ја заврши расправата по неколку предлог-законски измени и дополнувања во рамки на 32-та седница, и тоа за законот за јавните набавки, по скратена постапка, за законот за чек, за давање на финансиски услуги на далечина, во прво читање, потоа Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, како и измените и дополнувањата на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, во прво читање. Поради немање кворум во собраниската сала, гласањето по овие точки ќе биде дополнително закажано.

Во текот на попладневниот дел од седницата, предлагачите го повлекоа Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Дополнувањето на Законот за јавни набавки, според предлагачот, се прават со цел да се овозможи пофлексибилен начин на исплата на аванс за јавните набавки кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии и епидемии на заразни болести, согласно со воспоставената практика на производителите на потребни средства на глобално ниво.

0 Коментари

Остави коментари