Собранието ја закажа конститутивната седница за 28 мај

На 28 мај конститутивна седница на собранието до 20 јуни нова влада со Коалиците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ.

Од собраниската прес-служба денеска информираа:

- Претседателот на Собранието Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, одржал состанок со претставниците на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално било одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот.

Собранискиот спикер Митрески ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател.

На денешниот состанок присуствувале Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ - ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина - СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.

На состанокот присуствувале и Мерита Колчи Коџаџику, како највозрасна пратеничка, како и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

Веќе во јавноста се спомнуваше дека дел од министерствата кои ќе ги добие Вреди се вицепремиер, односно министер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство, двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и двајца државни секретари.

Ова го потврди и Арбен Таравари но не откри дали тој ќе биде идниот министер за здравство .

Дека новата влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ќе биде формиорана до 20 јуни напиша на социјалните мрежи и Антонио Милошовски, кој го објави и бројот на пратеници на партиите во законодавниот дом по вчерашното прегласување.