Собранието ја разреши Рашела Мизрахи
Foto

Собранието ја разреши Рашела Мизрахи

 По 3 часот по почноќ Собранието на Република Македонија со 62 гласа „За“ и 26 „Против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката министерката Рашела Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, поради нејзиното одбивање да ја промени таблата на која стои името Република Македонија.

-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи.

Таблата со Република Македонија за која министерката за труд и социјала од ВМРО ДПМНЕ беше подготвена да плати и казна за да не ја смени со Северна и донесе предлог за разрешување. Подготвена беше да плати и казна од 5.000 евра, но Мизрахи изјави дека нема да држи прес конференции со табла на која пишува Република Северна Македонија. и повторно застана пред табла со старото уставно име и рече дека во Министерството не нашла банер на кој стои друго име.

„Јас не сум Мила Царовска. Јас сум Мизрахи. Тука никогаш не најдов банер со Северна Македонија. Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции“, рече Мизрахи.

Според Премиерот Спасовски, Мизрахи не го почитувала Уставот и ги ставила партиските над државните интереси. Поради тоа доставил предлог за нејзино разрешување во Собранието кое ноеќеска бее прифатено.

 

За министерката Мизрахи, Грција претходно испрати протестна нота бидејќи го кршела договорот од Преспа. Нејзиниот колега, министерот за надворешни - Никола Димитров прв побара нејзино разрешување.

0 Коментари

Остави коментари