Собранието ја констатираше оставката на уставната судијка Дабовиќ-Анастасовска, ВМРО-ДПМНЕ со барање за договор за една анкетна за трагедиите

Собранието денеска во рамки на 72. седница ја констатираше оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска заклучно со 31 декември оваа година. Уставната судијка не ја образложи својата оставка пред пратениците, а, како што информираа од Уставниот суд, ја поднесе од здравствени и лични причини. 

На почетокот на седницата пратеникот и заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски побара од колегите пратеници од опозицијата да се постигне договор да има една анкетна комисија за несреќата во Кочани, но и за случаите Модуларна болница, Дурмо турс и Ласкарци...