Собранието ја избра новата влада
Foto

Собранието ја избра новата влада

Присутни во собраниската сала се 115 пратеници. Од нив, 62 гласаа ЗА. Против гласаа 51 пратеник. Воздржани нема. Вкупно гласале 113 пратеници, соопшти собранискиот спикер талат Џафери.

 - Констатирам дека Собранието избра влада на република Северна Македонија  рече Џафери што беше проследено со бурен аплауз од дел од пратениците.

Потоа претседателот и министрите дадоа заклетва и ги потпишаа свечените изјави со што заврши десетатата седница на Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си заминаа по гласањето и не присуствуваа да давањето заклетва на новата влада и на потпишувањето на свечените изјави.

Вториот владин кабинет на Заев го сочинуваат 19 министри, седум помалку од претходната Влада. Ова е составот на новата влада

  • Зоран Заев – премиер
  • Артан Груби – вицепремиер и министер за политички систем
  • Љупчо Николоски – вицепремиер за борба против корупцијата
  • Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
  • Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
  • Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
  • Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
  • Бојан Маричиќ – министер за правда
  • Благоја Бочварски – министер за транспорт и врски
  • Венко Филипче – министер за здравство
  • Мила Царовска -министерка за образование и наука
  • Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
  • Ирена Стефоска – министерка за култура.
  • Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Горан Милевски – министер за локална самоуправа.
  • Бујар Османи – министер за надворешни работи
  • Фатмир Бесими – министер за финансии
  • Крешник Бектеши – министер за економија
  • Насер Нуредини – министер за животна средина
  • Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација

0 Коментари

Остави коментари