Собранието изгласа продолжување на кризната состојба и за наредните 6 месеци

Со 83 гласа за без ниту еден против и без ниту еден воздржан пратениците  изгласаа продолжување на енергетската кризната состојба  на цела територија на државата.

Но, и со 86 за без ниту еден против и ниту еден воздржан продолжена е и кризната состојба на териротијата на град Скопје поради недостиг на  топлинска енергија. Расправата во собранието се одвиваше во насока на обвинувања на релација власт и опозиција откако ВМРО-ДПМНЕ бараше парламентарното мнозинство да ја прифати подадената ракавица од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за набавка на како што велат двојо поефтина електрична енергија преку неговите контакти за што пак министерот Бектеши посочи дека е спремен да седне и да разговара со Мицкоски но само доколку Мицкоски јавно ги објави контактите кои ги има. 

Комисиската расправа за продолжување на кризната состојба пак пред да дојде на пленарка  траеше 5 дена.

Власта и опозицијата и натаму остануваат во клинч откако  премиерот Ковачевски излезе со пакетот на закони за кои апелира сите во собранието да се обединат и да ги гласаат, а пак опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе  инсистира на итна седница во собранието за Измени во законот за енергетика при што бараа покрај здраствените и образовните установи поевтина електрична енергија да имаат и водостопанството и комуналните претпријатија.