Собранието го изгласа Законот за солидарен данок како и ги усвои измените на данокот на добивка и на ДДВ
Собранието го изгласа Законот за солидарен данок како и ги усвои измените на данокот на добивка и на ДДВ.
За овие три даноци неколку месеци жестоко реагираа граѓаните и компаниите. Солидарниот дакон има за цел да ги оданочи компаниите кои лани оствариле приход над 10 милиони евра. Со парите властите најавија дека ќе се носат нови мерки за поддршка на стопанството.
Што се однесува до зголемувањето на ДДВто на неколку стотина производи од пет на десет отсто, тоа се воведува на артикли кои владата ги вброи во категоријата на луксузна стока. Веднаш реагираа од Сојузот на стопански комори од каде што наведоа дека ваквата променлива даночна политика создава несигурност во водењето бизнис.
Уште еднаш апелираа до властите да се откажат од собирањето пари од приватниот сектор, и потребните средства да ги обезбедат од непродуктивниот дел на државните институции.