Собранието го донесе законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

250 милиони евра ќе завршат кај општините, истата сума ќе ја користат стопанствата во форма на кредити. Собранието на пленарна седница го усвои законот за задолжување од половина милијарда евра од унгарската влада. 

Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Опозициската СДСМ обвини дека станува збор за заем кој се договарал зад затворени врати со скриени трошоци 

Пратеникот Фатмир Битиќи, изрази сомнеж дека се работи за кинески пари кои ќе ја нарушат макроекономската стабилност, ќе има и негативно политички влијание за државата, која практично ќе стане заложник на Унгарија. 

„Тука има скриени трошоци, никаде во договорот не стои колкава е износот на тие скриени трошоци. Дали ќе бидете под влијание на некои други пролитички структури.Дали ова се унгарски или кинески пари, дали се работи за други интереси. Ова задолжување е без контрола, идните генерации ќе ги плаќаат кредитите и другите последици, Ова не е патот по кој сакаме да одиме ова задолжување ја загрозува макроекономската стабилност“, рече Битиќи. 

Срамни се обвинувањата на СДСМ реплицираше Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат имаме заем за кој однапред знаеме за што ќе биде потрошен. 

„Јас да бев на ваше место ќе закажавме комисиска расправа и три дена ќе расправавме и јавноста ќе дознаеше што како, а вака бегате од јавноста смешни се обвинувањата дека парите биле кинески. Ова е многу важно сега за 6 дена ќе заврши процесот на еваулација и тие пари ќе бидат префрлени на општините 250 милиони евра за општините а другите 250 милиони евра се за финансирање на ефтини кредити за мали и средни претпријатија нема да се застане тука дополни Стојановски.

Пратеникот Ковачевски посочи дека токму Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој ја водел комисијата за финасирање и буџет ги кочел проектите за финасирање на претходната власт, а сега се носи закон каде никаде го нема клучното министерство. 

„Бојан беше махер за стопирање кога беше претседател на Комисијата за финансирање. Сите ние бевме сведоци дека ние дававме пари за општините, компаниите имаа кредити со каматна стапка исто така ниска, државата ја субвенционираше и каматната стапка. Клучна работа е што министерството за финансии не се појави на седницата, рече Ковачевски.  

Според договорот, со заемот државата ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на фирма избрана од страна на унгарската банка.