Собранието ги усвои предлог заклучоците од СДСМ и ДУИ за францускиот предлог

Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои предлог заклочоците поднесени од СДСМ и ДУИ по разправта за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.

Со усвоените предлог заклучоци и се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.

Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на нмакедонскиот народ. Се задолчува валадата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било дадовки и фусности и во текот на претовоирите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка. 

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната сендица ја следеше и евроамбасадот Дејвид Гир.