Собранието ги изгласа петте закони за „Бехтел и Енка“ - легализирана 60 часовна работна недела
И официјално изгласани законите за коридорските автопатишта во законодавниот дом. Иако расправата завршена за коридорите 8 и 10 Д сепак не изостана оваа тема и на седницата за пратенички прашања откако пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно упатија критики до премиерот и министрите за пеналите кои државата ги плаќа.
Ковачевски пак со одговор во форма на контра прашање со какви фирми владата на ВМРО-ДПМНЕ соработуваше во нивно време.
Не изостанаа ниту репликите и контра репликите кои се однесуваа на амнестијата. Настаните од 27 април повторно ја подгрејаа атмосферата во законодавниот дом откако вицепремиерот Маричиќ директно го впери прстот кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека дел од нив се со двојни аршини кон своите колеги на што од пратеничката група на најголемата опозициска партија возвратија дека единствениот виновник за оние што гнијат во затвор е токму владејачката коалиција.
На седницата не изостанаа прашањата ниту околу тоа дали ќе има или не поскапување на електричната енергија, уставните измени за кои опозицијата уште еднаш посочи дека власта овој пат нема да има паратеници кои ќе ги уценува за да гласаат и низа други актуелни и политички теми .