Собрание: Предлог измените на законите за коридорите 8 и 10д на комисија и на пленарна седница
Расправиите меѓу пратениците од власта и опозицијата продолжуваат. На 115-тата седница на собрание се водеѓе жестока дебата околу точката од дневен ред за предложените измени на законот за експропријација, еден од петте што треба да се изменат и се со европско знаменце за побрза изградба на автопатите од 8 и 10Д како што велат предлагатите.
Од опозивијата велат дека тоа е закон за бранење на правото со неправо и еднакво обештетување сите објекти што би се урнале долж трасата на двата коридора.
Министерот од собраниската говорница вели дека со овие законски измени не би се додало нешто ново и би важеле за сите проекти се работи за материја што би ги регулирала правата на граѓаните.
Предложените измени се однесуваат најмногу на методологијата за проценка, пратеникот од СДСМ Јован Митревски додаде дека со сегашниот закон за експропријација има многу судки процеси што траат со години, според него проценката доаѓа од пазарната вредност.
Закон за градба, урбанистичко планирање, работни односи, експропријација и номинација на стратешките парнери се законите што го користат бенефитот од европското знаменце за донесување по скратена постапка. Тоа се случува објаснуваќи се дека се работи за стратешки проект со кои би се овозможило ефикасна и брза динамика за реализација на коридорот 8 кој е дел од мрежата на главните трансевропски коридори и 10Д.