Собрание: Опозицијата прашува во отсуство на половина од владиниот кабинет заедно со премиерот

Остри тонови и реакции на седницата за опозициски прашања каде опозициските пратеници обвинија за неажурност на премиерот и министерите прашувајќи ги зошто бегаат од прашањата на народните избраници . Во фокусот минималната плата, евроинтеграциите но не изостанаа ниту обвинувањата по етнички клуч откако координаторката на ДУИ Рина Ајдари поставувајќи пратенички прашања го обвини вицепремиерот Беким Сали дека ВРЕДИ се само декор на како што рече моноетничката влада на Мицкоски  а Сали го нарече стоматолог кој нема познавања од евроинтеграциите откако ја отвори темата за вработените кои биле отпуштени од работа од страна на министерот Стоилковиќ за кои пак Сали одговори дека откако биле надминати проблемите со договорите повторно биле вратени на работа .

Од опозициската СДСМ пак уште на почетокот побараа пауза бидејќи сакаа да постават прашања до министерот за економија Дурмиши . Па додека не се појави седницата беше одложена

Откако се појави Дурмиши следуваа опозициските прашања до него и за минималната плата но и за фирмите кои како што обвинија од Левица не ги почитуваат работничките права .  

Пратениците од албанскиот опозициски блок пак барараа  одговори и од министерот за правда Филков зошто  правосудниот испит не се полага и на албански кој пак неговите  сопартиици го правдаа со оправдано отсуство  .

Пратеничките групи на опозициските партии во законодавниот дом и претходно имаа забелешки за тоа што дел од владините министери не се одзвале и претходно на нивните барања да присуствуваат на седницата за пратенички прашања. На неколку брифинзи со новинарите и собранискиот спикер Гаши информираше дека апелирал кај одредени министри да ги почитуваат поканите за присуство иако не ги конкретизираше со имиња но праксата и натаму продолжува .