Собор на СПЦ: Дали ќе има конечно затворање на црковното прашање меѓу Македонија и Србија?

Денеска и официјално почнува соборот на СПЦ на кој се очекува да се расправа и за МПЦ ОА . Дел од српските медиуми повикувајќи се на свои извори од СПЦ пишуваат дека не се исклучува можноста Соборот да ја признае одлуката на Вселенската патријаршија но се наметнуваат повеќе прашања за условите и начинот на кој тоа би било спакувано. Српски Курир на маса става неколку опции:

МПЦ-ОА признаена прво од СПЦ како канонска, добива решен канонски статус, но дефакто добива и решен административен статус но како автономија, бидејќи се враќа таму од каде што и се одвоила.

И втората:

МПЦ-ОА признаена прво од Вселенската патријаршија добива решен канонски статус, но останува во неформална автокефалност со нерешен административен статус, бидејќи не произлегува од неа.

Сепак едно од најдискутабилните прашања кои ги наметнува српски Курир и Блиц е како што наведуваат претопувањето на МПЦ ОА и  ПОА .

Или според објаснувањето на Курир признавањето ќе значи и дека ќе има сериозни кадровски промени во рамките на Православната Охридска Архиепископија  потенцирајќи дека „сега ПОА практично ќе ја преземе сегашната расколничка хиерархија во Северна Македонија на чело со како што наведуваат претходниот расколнички архиепископ Стефан и ќе се вика Охридска Архиепископија. А поранешниот архиепископ на ПОА, Јован Вранишковски, меѓу другото ќе се пензионира  поради тешката здравствена состојба“. За другите тројца владици на ПОА, Марко, Давид и Јоаким, кои биле најблиски соработници на Вранишковски, „Курур“ пишува дека ќе добијат управа на еден од манастирите во Македонија,  ќе го задржат епископскиот чин или ќе добијат епархии во рамките на Охридска архиепископија.

Сепак на официјалното отварање поглаварот Порфирије повика на обединување и меѓусебно разбирање .

Г.Г Порфирије Патријарх на СПЦ - Факт е дека нашиот народ всушност е и наша црква. Каде нема православна вера и каде што не постои нашата црква а не живееме . Тоа значи дека и не постоиме како народ . Дури и ако го има тој народ  тогаш е без плоден и без конкретна форма и облик. Ние себе се спознаваме само како православни и само во тој облик на самоспознавање можеме да го препознаеме соѕвездието на другите народи и само така можеме да бидеме звезда во тоа соѕвездие . 

Познавачите на Црковните прашања во Македонија пак велат дека мора внимателно да се пристапи кон одлуките кои  Соборот  може да ги донесе а   истовемено моѓе да бидат и многу штетни. Она што е најважно објаснува аналитичарот и познавач на црковните прашања Бранко Георгиевски во разговор за ТВ 24 вели е МПЦ ОА да да добие томос од Цариград за Афтоќефалност со потврда за сопствениот имот на територијата на државата но не е оптимист дека така би изгледало решението кое би го спакувала СПЦ .

Добивањето на томос само по себе би значело официјализирање на сопственоста на МПЦ врз епархиите за  кои досега СПЦ тврдеше дека им припаѓаат ним. Денеска почнува формалниот дел на соборот но церемонијата  ќе трае  и во текот на наредните денови кога и офиоцијално ќе биде познато каков ќе биде предлогот со кој СПЦ ќе излезе во однос на МПЦ ОА.