Со замена на столаријата, можете да заштедите до 40% од енергијата!
Верувале или не, старите и нефункционални прозорци и врати можат да бидат одговорни за дури 40% загуба на енергија. Доколку имате чувство дека дома постојано ви е ладно, иако греењето е вклучено, а сметките за струја или гас постојано ви се високи или се зголемуваат, можеби е време да го проверите во каква состојба е вашата столарија.
Столаријата е еден од клучните елементи на секој објект, обезбедува сигурност и безбедност, приватност, го штити објектот од надворешни временски влијанија. Иако редовно ги одржувате, прозорците и вратите имаат свој работен век и нивната замена е неизбежна по одредено време. По неколку години користење, столаријата почнува да се оштетува, а се нарушува и нејзината естетика и функционалност.
Платформата Daibau.mk, на која се регистрирани бројни производители, добавувачи и монтери на столарија, истражува кога е неопходно да се замени столаријата и кој се јасни индикатори дека енергијата ви „тече“ низ прозорците и вратите?
Кондензација на стаклените површини
Стаклото на прозорците и вратите е постојано замаглено и забележувате капки вода како се слеваат на внатрешната страна од стаклото? Станува збор за кондензација. Тоа се случува кога загреан и влажен внатрешен воздух доаѓа во контакт со студената површина на стаклото на прозорецот.
Постојана кондензација на столаријата е резултат на постоењето на топлински мостови - точки низ кои се губи енергијата. Тоа е еден од показателите дека вашата столарија е дотраена и дека спојките на прозорците и вратите попуштиле или се лошо изработени. Насобраните капки вода или влага со текот на времето доведуваат до друг проблем:
Појавата на мувла помеѓу столаријата и ѕидот
Доколку забележите непријатни црни дамки на спојките на прозорците/вратите и ѕидовите, јасно е дека вашата столарија не дихтува добро и дека преку вашата столарија навлегува студ. Кондензираната влага по некое време предизвикува формирање на мувла. Секогаш прво избива на најстудените места како резултат на топлински мостови.
Мувлата е многу упорна и тешко се отстранува, а со текот на времето почнува да шири непријатен мирис. Сепак, тоа не е само естетски проблем, мувлата може лошо да влијае на здравјето, особено кај луѓето со респираторни проблеми.
Пропуштање ладен воздух
Ако чувствувате ладен воздух во близина на столаријата, тоа е јасен знак дека треба да се замени. Колку и да го зголемувате греењето, ако низ топлинските мостови на прозорците и вратите влегува ладен воздух, нема да ви биде доволно топло. Дури, кога столаријата не се запечатува добро и низ истата навлегува ладен воздух, престојот дома во тек на зимските месеци воопшто не е пријатен, додека месечните сметки за струја се зголемуваат.
Ниту во текот на летото ситуацијата не е многу подобра. Надворешната топлина и влажност ќе навлегуваат внатре, колку и да ја намалувате температурата на климата. На овој начин се зголемува потребата од клима уред, а подолго и помоќно работење на климата значи само едно - поголема потрошувачка на енергија.
Ако почувствувате провев дури и по затворањето на прозорците и вратите, време е ја замените столаријата со енергетски поефикасна.
Во последниве години, ПВЦ столарија има стекнато огромна популарност, пред се поради добар сооднос цена-квалитет. ПВЦ прозорците се лесни за одржување (за разлика од дрвените прозорци), долготрајни се и ги има во различни димензии. Тие обезбедуваат одлична звучна, но и топлинска изолација - изработени се од материјал кој е одличен изолатор, со низок фактор на топлинска спроводливост. Од гледна точка на енергетска ефикасност, ПВЦ прозорците се многу подобар избор од металните, алуминиумските.
ПВЦ прозорците во минатото беа критикувани поради „ладен“ и „вештачки“ изглед во споредба со дрвените прозорци, како и поради тоа што се помалку еколошки. Сепак, ова е поврзано со претходните производствени технологии и ограничен избор на бои или завршни материјали. Денес, благодарение на напредокот во производствениот процес, естетските и еколошките дефекти на ПВЦ прозорците се значително елиминирани.
Таков пример се прозорците на реномираната компанија REHAU, кои го решаваат прашањето на естетиката со широк спектар на бои и дизајни. Со оглед на тоа што се погодни за рециклирање, тие се добар избор за еколошки освестени клиенти, а ги исполнуваат и високите стандарди за енергетска ефикасност. Пример за тоа е Phew вредност (коефициент на поминување на топлина низ рамката) од само 0,94 W/m²K, што зборува за одлична топлинска изолација и заштеда на енергија во сезоната на греење и ладење.
Исто така, на своите профили, REHAU применува завршна обработка позната како High-Definition-Finishing (HDF), благодарение на што површината на прозорецот е многу мазна, поретко се валка и многу полесно се чисти.
Столаријата не пропушта за време на врнежи
Овој проблем е особено карактеристичен за тавански прозорци. Ако водата го најде својот пат до внатрешноста за време на дождливите денови, замената на прозорецот е неизбежна.
Таванските прозорци мора да бидат со висок квалитет бидејќи се повеќе изложени на негативни влијанија за разлика од стандардните прозорци на фасадата. Тие треба да обезбедат природна вентилација и осветлување на поткровјето, како и изолација. Преку неисправни тавански прозорци се губи до 30% топлина.
Освен самиот квалитет на таванските прозорци, важна е и нивна правилна монтажа. Прозорците мора да бидат правилно ориентирани, земајќи ја предвид косината на покривот. Нивната монтажа вклучува и работи од сува монтажа и малтерисување на парапет, а оваа работа мора да им се препушти на специјалисти за тавански прозорци.
Столаријата тешко се отвора и затвора
Доколку е потребно да се вложи напор и сила при отворање или затворање на вратите и прозорците, тие наскоро ќе треба да се заменат, бидејќи нивната функционалност е нарушена. Сепак, тука не се работи само за пропуштање ладен воздух, туку и за безбедност. Овој вид столарија не обезбедува заштита од кражба, што е особено важно за влезната врата.
Тие не се само влез во домот, туку се важен елемент за зачувување на топлината, безбедноста и естетиката на целиот простор. Затоа, при изборот на истите, важно е да се земат предвид неколку карактеристики, како топлинска изолација, отпорност на провални кражби, стабилност, но и способност за прилагодување на различни стилови и вкусови. Квалитетната влезна врата мора да ги комбинира и функционалноста и естетиката.
Благодарение на напредните материјали и модерната технологија на производство, асортиманот на влезните врати GENEO може дополнително да придонесе за заштеда на енергија и зголемена безбедност, со што ги класифицира како најсовремени решенија за секој дом.
Во комбинација со термички модули и панел со дебелина до 53 мм, влезните врати на GENEO постигнуваат Ud-вредност до 0,51 W/m²K што укажува на одлична изолација и намалување на топлинските загуби. Достапни се во различни бои, па лесно може да се прилагодат на различни архитектонски решенија, а опцијата за скриени конектори придонесува за дополнителна елеганција и чисти линии. Воедно, конструкцијата изработена од материјал RAU-FIPRO обезбедува висока стабилност и заштита од провална кражба.
Гласна бука
Иако сте внатре, слушате бучава како да сте на улица? Дотраена и оштетена столарија не обезбедува соодветна звучна изолација. Бучавата од надворешното опкружување, значи, нема да се пригушува, туку ќе ја слушнете како да доаѓа од куќата. Интересен е податокот дека столаријата пропушта до 7 пати повеќе бучава за разлика од ѕидовите.
Гласната бучава особено ќе биде проблем ако живеете во близина на патишта или густо населено место. Тоа е уште еден показател дека столаријата мора да се замени.
Замената на столаријата со модерни, енергетски ефикасни решенија, не е само начин да заштедите на сметките, туку и да ја зголемите удобноста на вашиот дом и да го подобрите квалитетот на животот. Покрај тоа, новата столарија ќе ја зголеми вредноста на вашиот имот.
*комерцијален текст