Со воена парада во Пекинг одбележана 80-годишнината од победата на Кина во Втората светска војна

12 илјади војници кои маршираат во ист чекор, најмодерни системи за оружје погодни за користење ширум светот и пред сè - претседателот Си Џинпинг како неоспорен моќник на балконот од портата Тjeнанмен над џиновскиот портрет на основачот на земјата, Мао Цетунг.. Овие слики денеска го обиколуваат светот.

26 шефови на држави или влади од Азија, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка се сведоци на настанот...Покрај рускиот претседател Владимир Путин, од Европа допатуваа и словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ....

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека светот се соочува со избор помеѓу мир или војна, додека се одржуваше најголемата воена парада во Кина досега, на која пристигнаа Владимир Путин и Ким Џонг-ун во знак на пркос кон западот:

„Денес, човештвото повторно се соочува со избор помеѓу мир или војна, дијалог или конфронтација, победа-победа или нулта сума“,  Кина е голема нација која „никогаш не се плаши од насилници“, кинескиот народ „цврсто стои на вистинската страна на историјата“.

Настанот предизвика речиси непосредна реакција од американскиот претседател  Трамп..Тој го обвини кинескиот претседател Си Џинпинг дека, заедно со Владимир Путин и Ким Џонг-Ун, планира заговор против САД:

„Нека претседателот Си и прекрасниот народ на Кина имаат одличен и траен ден на прослава“, „Ве молам, упатете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг-ун, додека заговарате против Соединетите Американски Држави- објави Трамп на својот профил на Truth Social.

Според руските државни медиуми, само неколку часа по парадата, официјалните лица објавија дека Ким и Путин одржале формален состанок, на кој Ким рекол дека е подготвен да направи „сè што може за да ѝ помогне“ на Русија, опишувајќи го тоа како „братска должност“.

Појавувањето на Путин во Пекинг се случи откако Русија започна сеопфатен воздушен напад врз Украина преку ноќ, при што беа повредени најмалку четворица железнички работници и беше наведена Полска да испрати одбранбени авиони...

Кина и на политички план го проширува своето лидерство, на пример во меѓународни организации како БРИКС, сојузот на најголемите економии во развој и во Шангајската организација за соработка.

Преку глобалниот инфраструктурен проект „Новиот пат на свилата“со 153 држави учеснички, Кина сè повеќе ги привлекува некогашните поддржувачи на Западот - на пример со економскиот коридор низ Пакистан, проектот за брза железница во Кенија и од неодамна со пристаништето Мегапуерто де Чанкај на Тихиот Океан во Перу.